Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Prihodot i trošocite na stopanstvoto (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.

Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.

Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.

Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.

 

Содржина

Приход и трошоците на стопанството..................................2

Мерење на бруто домашниот производ...............................3

Останати мерки на вредноста на приходот.........................4

Елементи на БДП..................................................................5

Реален наспроти номинален БДП........................................6

БДП - дефлатор.....................................................................8

БДП и економската благосостојба.......................................9

Приходот и трошоците на стопанството

Кога оценуваме дали едно стопанство е во добра или во лоша состојба, логично е да го погледнеме вкупниот приход што го заработуваат сите луѓе во тоа стопанство. Тоа е задачата на бруто домашниот производ ( БДП ).

Бруто домашниот производ може да мери две работи одеднаш. Може да ги мери вкупните приходи на сите во одредено стопанство и вкупните трошоци што ги има тоа во производството на добра и услуги.

Причината поради која БДП ја има таа способност да ги мери и вкупниот приход и вкупните трошоци се наоѓа во тоа што тие две работи се исти. Во стопанството, приходите мораат да бидат еднакви на трошоците. Тоа е така поради тоа што приходите на стопанството се еднакви на неговите трошоци затоа што во секоја трансакција постојат две страни: купувач и продавач.

Секој денар што за некој купувач е трошок, претставува денар приход за некој продавач. Таа еднаквост на приходите и трошоците може да се покаже и преку кружен тек. Овде се прикажани сите трансакции помеѓу претпријатијата и домаќинствата во едноставна економија. Во тоа стопанство, домаќинствата купуваат добра и услуги од претпријатијата, така што тие трошоци течат низ пазарот на добра и услуги. Така парите од продажбата претпријатијата ги користат за исплата на платите на нивните работници, плаќање рента и профит на сопственикот на тоа претпријатие , така тие приходи течат низ пазарот на факторите на производство. Во стопанството пак, парите течат од домаќинствата кон претпријатијата, а потоа пак се слеваат во нив.

БДП на ова стопанство можеме да го пресметаме на два начина и тоа како собирање на вкупните трошоци на домаќинствата или собирање на вкупните приходи ( плати, профит, ренти ) што ги исплаќаат претпријатијата.

Мора да напоменеме дека стопанството во реалноста е покомплицирано од она што е прикажано, бидејќи домаќинствата не го трошат целиот свој приход. Еден дел од приходот оди кај државата во вид на данок, а друг дел од приходот домаќинствата го штедат за во иднина. Освен тоа, домаќинствата не ги купуваат сите добра и услуги што се произведуваат во економијата. Некои од тие добра и услуги ги купува државата, а други ги купуваат претпријатијата што планираат да ги употребат во идното производство на својот аутпут.

Без разлика на тоа кој го купува доброто или услугата секоја трансакција има свој продавач и купувач. Овде можеме да заклучеме дека за стопанството во целина важи дека приходите и трошоците се секогаш еднакви.

Мерење на бруто домашниот производ

Во овој дел ќе објаснеме попрецизно како се добива тој статистички податок. Бруто домашниот производ ( БДП ) е пазарна вредност на сите финални добра и услуги произведени во една држава во одреден временски период.

...

 

-------------------OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------

    www.maturskiradovi.net

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:

maturskiradovi.net@gmail.com

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!